Општинската администрација нема да работи до крајот на оваа недела. Првиот работен ден во локалната самоуправа ќе биде 9 јануари-вторник, до кога нема да работи ниту една од службите во општината.

Официјално државата 2 јануари го прогласи за работен ден. Дел од фирмите и институциите  оваа недела ќе работат, но дел меѓу кои и Општина Охрид се решија да ги спојат празниците.