Вкупните штети од поплавите во Охридско се проценети на 300 000 евра. Општинската комисија по извршениот увид во погодените подрајча го изработила извештајот по кој државата треба да ги обештети граѓаните. Најпогодени се жителите на селата Пештани и во атарот на Лакочереј и Орман, како и жителите од улицата „Ариф Мустафа“.

Тие се жалат дека се уште не добиле надомест за претрпената штета која се приморани сами да ја санираат поради неподносливите услови за живот.


Од локалната самоуправа информираат дека надлежната општинска комисија ја завршила својата работа и дека на потег сега е државата.

Премиерот Никола Груевски при неодамнешната посета на Охрид истакна дека се очекува локалните комисии да ги достават информациите за висината на штетите од поплавите, по што следи нивна проверка и се утврдува висината на надоместокот.

-Вообичаено таквите надоместоци доаѓаат по 12 месеци од моментот кога е настаната непогодата и остануваме на зеложбата тоа да го направиме и во Охрид, изјави Груевски.

Г.М.