И официјално, општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од денеска отседна во новите простории, кои се наоѓаат на бул. „Туристичка“. На свеченоста што се одржа попладнево присуствуваа членови на охридскиот огранок и локалното раководство, како и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Куќата на самиот кеј на Охридското езеро, во кое изминатите години функционираше седиштето на општинската СДСМ, со денационализација им беше вратена на сопственици кои живеат во Белград, по што тие куќата ја продадоја на ГП „Ремис“.
Кога ќе отпочнат новите градежни работи врз објектот зависи од одлуката на новиот сопственик.

Според информациите од локалната самоуправа, согласно постоечкиот детален урбанистички план, на оваа локација предвидена е изградба на објект П+2 и поткровје.

OhridNews