Под мотото ” ВМРО- ДПМНЕ за Охрид, ВМРО- ДПМНЕ за Европа”, кај градскиот Чинар во присуство на бројни членови, како и кандидатите за пратеници на партијата од Охрид, општинската ВМРО- ДПМНЕ го одбележа 9- мај, Денот на Европа. 


Идеите и вредностите на Европа треба да живеат во Македонија, потенцира кандидатот за пратеник , Александар Николоски.


Македонската Влада направи конкретни активности во оваа насока. За прв пат во историјата на Македонија добивме позитивен извештај од Европската унија и два пати по ред добивме препорака за почеток на преговори. Морам да ја споменам и  визната либерализација, која на граѓаните им овозможи слободно да патуваат, рече Николоски.

OhridNews