Од општинската ВМРО ДПМНЕ со официјално соопштение по повод одлуката на претстојните локални избори да учествуваат со д-р Митко Тилевски како кандидат за градоначалник. Информираат дека со одлука на извршниот Комитет, Тилевски влегува во трката за градоначалничката функција, а носител на советничката листа е претседателот на ОК д-р Кирил Пецаков.

– Со голема мотивираност и водејќи се од одговорноста и посветеноста на работата, умереноста, исполнителноста, високата поддршка што ја има меѓу граѓаните, угледот и кредибилитетот д-р Митко Тилевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа уште во првиот круг. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е успешна мисија и докажување на граѓаните дека секогаш работи во интерес на охриѓани и Охрид да биде модерен и просперитетен град, јасно застанувајќи и борејќи се против деструктивната политика на СДС, се наведува во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Д-р Митко Тилевски роден 1962 година во Скопје има завршено Медицински факултет. Специјалист-педијатар, поранешен пратеник во Собранието на РМ, деценија директор на болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо Охридски“. Оженет, сопруг и татко на две деца.

Од ВМРО ДПМНЕ повикуваат на поддршка и вклучување на граѓаните, како што велат, во кампањата за промени за добра иднина на градот, со цел на 15 октовмри уште во првиот круг д-р Митко Тилевски да ги добие потребните гласови за градоначалник на Охрид.

OhridNews