Во тек е реновирањето на големата сала на општина Охрид. Се изведуваат зафатите за поставување на изолацијата, по што ќе следи и поставување на нови седишта, нов под, а ќе биде заменето и старото озвучување и осветлувањето.



Како што информираат од локалната самоуправа, предвиден е и посебен дел за новинарите кои ги следат бројните настани кои се одржуваат во големата сала на општината.

OhridNews