Со вечерашното осветлување на општинската зграда во боите на ретките болести, локалната власт од Охрид се вклучува во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“. 

Со тоа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.  Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели боите на ретките болести, велат од Општина Охрид.

Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и општинските згради во Струга и Дебрца и Самоиловата тврдина која што ќе биде освeтлена цел месец.

Во обид за глобална солидарност на Светскиот ден на ретките болести, 28-ми февруари во 19 часот по локално време секој човек може да го декорира својот дом со боите на ретките  болести.

OhridNews