НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид организира општински натпревар за млади библиотекари за пласман на националниот натпревар што традиционално секоја година го организира  Библиотекарското здружение на Македонија.

Натпреварот ќе се одржи на 18.10.2011 год. во просториите на НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 10 часот. Право на учество на општинскиот натпревар имаат учениците и членови на библиотеките од Основните училишта на општина Охрид и општина Дебрца.
 
Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар, кој ќе се одржува оваа година во Струмица на 11 ноември.

OhridNews