Комуналната инспекција и редарските служби при општинскиот инспекторат од понеделник, 10- ти февруари, ќе работат во две смени со цел да се врши поголема контрола на јавната чистота.
– Сите несовесни граѓани кои ќе бидат затекнати како фрлаат отпад, градежен шут или зелен отпад на несоодветни места и притоа ја загадуваат и нагрдуваат околината, ќе бидат казнети согласно Законот за јавна чистота, потенцираат од локалната самоуправа.
Оттаму, напоменуваат дека сопствениците на приватни имоти треба да се придржуваат на Законот за јавна чистота, според кој корисниците, односно сопствениците на отворените простории на јавните објекти и на дворните површини на колективните и идивудуалните објекти за домување, се должни истите уредно да ги одржуваат на начин со кој не се нагрдува и деградира просторот во урбаните средини и редовно да го отстрануваат сметот од истите.