ВМРО Народна партија на штотуку завршените предвремени парламентарни избори во Охрид освои само 1.500 гласа, а во цела држава 17.000. Партијата смета дека изборите биле нефер и недемократски и најави дека ќе продолжи со своето политичко делување.

„Откако поминаа неколку дена од недемократските и нефер парламентарни избори и откако следеа внатрепартиските анализи, Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид упатува огромна благодарност до најхрабрите и најиздржливите гласачи. Благодарност до 17.000 храбри гласачи во Македонија и 1.500 во Охрид кои издржаа до крај и не подлегнаа на притисоците, заканите, уцените и поткупот од страна на режимот на Груевски.“ стои во партиското соопштение.

Во соопштението уште се вели дека ВМРО – Народна партија ќе продолжи да се бори за смена на актуелната власт и зачувување на достоинството и одбрана на четирите свети букви ВМРО.

OhridNews