Во пресрет на големиот православен празник Богојавление – Водици, екипи на Црвениот крст од Охрид и јавните претпријатија ги обележаа ризичните вдлабнатини и местата каде се наоѓаат дрвени колци, на потегот каде традиционално се врши осветувањето на езерските води и се фрла чесниот крст.
Целта на акцијата е превенција од евентуални повреди на капачите, кои на 19-ти јануари ќе скокаат по чесниот крст.
OhridNews