Црвениот крст Охрид и оваа година, продолжува да организира подготовка за матурскиот испит за предметот англиски јазик.
Курсевите се одржуваат во просториите на општинскиот Црвен крст, а и оваа година начинот на спроведување на проектот Ќе биде кандидатите да се подготвуваат преку индивидуализиран пристап.
„Кандидатите ќе ги добијат потребните знаења од страна на стручни и искусни предавачи, со Што во целост Ќе бидат подготвени за успеШно полагање на матурскиот испит по англиски јазик. Би сакале да напоменеме дека во двегодиШното спроведување на овој проект беа вклучени 30 матуранти и сите посетители на подготвителниот курс успешно го положија матурскиот испит по англиски јазик.“ – информираат од Црвениот крст Охрид.
Тимот на предавачи ќе го води Зора Бушоска, професор по англиски јазик.
Пријавување и информации во Црвен крст Охрид секој работен ден од 08-16 часот, на тел. 046 262 706 или е-маил [email protected].
OhridNews