Нескромно е ако се каже дека Црвен крст Охрид брои најголем број членови и волонтери кои секојдневно се ангажирани во активности за помош на ранливите категории граѓани, но факт е дека од ден на ден се зголемува бројот на граѓани кои се приклучуваат во нашата хуманитарна мисија, вели претседателот на организацијата Сашо Точков.
– Старосна граница за да се биде волонтер во Црвен крст нема. Тие се од најмладата возраст на пет или шест години, но активни се и голем број пензионери кои сакаат да учествуваат во акциите и да помогнат. Сметам дека интересот го привлекуваат и интересните програми при чија реализација секој си го наоѓа местото. Секој од волонтерите ги поминал обуките за прва помош признаени насекаде во европа, дел се од обуките и активностиите за превенција и заштита од сексуално преносливи болести, останатите заболувања, за работа со дефибрилатори. Програмите се разновидни и креативни , објаснува Точков.
Волонтерите не го кријат своето задоволство што се дел од хуманитарната организација преку чии активности може да придонесат да им го олеснат живеењето на граѓаните на кои помошта им е неопходна.
– Она што ме привлече да станам волонтер во општинскиот Црвенн крст беше мојата желба да им помагам на децата кои се од социјално загрозени смесјтва и сите оние на кои им треба помош. Би им порачала и на сите мои врсници да се приклучат кон организацијата и да помагаат, изјави младата волонтерка, Стефани Дамеска.
Охридските волонтери и оваа недела се на терен низ улиците на градот и во маркетите , прибирајќи добротворни прилози од граѓаните во рамки на Неделата за борба против гладта. Со собраните пари и прехранбени производи ќе се подготвуваат хуманитарни пакети кои потоа ќе им бидат доставени на повеќе од 100 социјално загрозени смејства во општината.
OhridNews