
Традиционално пита со паричка денеска се вртеше и во Општина Охрид. Годинава ксметлии беа Марина Здравеска, Крстинка Димитриеска и Митко Шикалоски, кај кои падна паричето.
Василичарските обичаи се спој на паганското и модерното, па така во многу краеви ден денес се одржуваат карневали. Според верувањата маскираните ги бркаат злите духови, обичај останат уште од паганско време.Карневалско расположение денеска се чувствува во охридското село Куратица. Неколку децении старата традиција во последните години станува се помасовна туристичка атракција која привлекува илјадници посетители.
Ohridnews












