
Според него, се покажало дека не е возможно Македонија да ги реши сама проблемите без европско медијаторство, но сега европските претставници, од Питер Ванхауте, еврокомесарот Јоханес Хан, европарламентарците, па до неговата делегација, се соочуваат со негативна кампања и закани.
„Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат, но сега веќе започна негативна кампања против посредниците на ЕУ и на самиот комeсар Хан, како и против неговиот експерт во Скопје, Ванхауте. Дури и заканите се зголемени до таа точка што сме принудени да ги зголемиме мерките за безбедност“, изјави Аиво Орав.

Тој во писмена изјава наведува дека спроведувањето на договорот од Пржино е клучно за македонските евроинтеграции, кои САД ги поддржуваат. Бејли смета дека оставката на премиерот е важна пресвртница во тој процес, исто како и кредибилните избори.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме подготовката на избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во медиумската сфера и на други места. Времето е кратко. Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. САД ќе го набљудува напредокот на овој процес и ќе направиме наши проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и други тела“, се наведува писмената изјава на амбасадорот Бејли.
OhridNews
Извор:„Макфакс“











