Политичките лидери мора да се вклучат во отворен дијалог за решавање на политичката криза и партиите да се согласат како понатаму да се имплементира Пржинскиот договор, порача евроамбасадорот Аиво Орав, потенцирајќи дека Европската унија (ЕУ) е сериозно загрижена за состојбата во земјата.

„Владеењето на правото е основа за силно демократско општество, а исто така важно е да се имплементираат реформските приоритети што ги предложи Европската комисија. Остануваме загрижени за проблемите со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство при својата работа. Ги повикуваме сите тела, особено партиите кои се согласија да се воспостави СЈО, да престанат да го опструираат и да му дадат целосна поддршка“, порача евроамбасадорот.

Според него, политичките партии мора да договорат излез од политичката криза што поскоро, односно не за неколку недели или месеци, туку денови. „Сите повторуваме дека Пржинскиот договор останува најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза. Во интерес на земјата и на нејзиниот евроатлантски пат е главните политички партии да договорат заеднички начин за излез од кризата во следните денови, а не во недели или месец“, рече Орав.

OhridNews
ивор Макфакс