Секој граѓанин има право да протестира, но имајќи ја во предивид тешката ситуација ,при организирање на вакви протести се има и голема одговорност, изјави амбасадорот на Европската унија во  Македонија, Аиво Орав, при неговата денешна посета на Охрид како учесник на панел дискусијата по повод Денот на Европа.

Не би имал многу што да додадам на ставот кој вчера веќе беше изнесен од страна на Делегацијата на ЕУ. Се надевам сите институции, вклучувајќи го и МВР и полицијата ќе направат се што е во рамки на нивните ингеренции, за да обезбедат добробит за граѓаните, за кои од големо значење е да имаат доверба во институциите. При тоа се надевам дека криминалците ќе ја добијат заслужената казна, рече Орав коментирајќи ги најавите за нови протести против апсењата на осомничените за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

OhridNews