Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа откако прелиминарните резултати од парламентарните избори во земјата, покажаа дека гласачите му дадоа доверба за трет мандат по ред, а четври од 1998 година. Коалицијата на партијата на Орбан, Фидес и помалиот партнер – христијанските демократи, убедливо славеа на изборите и според информациите, освоија двотретинско мнозинство, односно 133 од вкупно 199 места во парламентот.

„Победивме“ рече Орбан пред насобраните приврзаници, нагласувајќи дека големиот одзив на гласачи ги расчистил сите сомнежи за таа победа, пренесе Ројтерс.

Како што рекол Орбан, Унгарија се уште не е таму каде што тој сака.

На основа на избројани речиси 90 отсто од ливчињата, коалицијата на чело со Фидес освоила 48,76 отсто од гласовите. На второто место е националистичката партија Јобик со 19,74 проценти од гласовите и 26 мандати. Следи коалицијата предводена од социјалистите со 12,19 отсто гласови и 20 мандати.