Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата од страна на професионалните новинари од Англија.

Фудбалерот за врска во трката за наградата ги победи Кевин де Брујне (Манчестер Сити), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) и соиграчите од Ливерпул Вирџил ван Дајк и Садио Мане.

Многу сум среќен за наградата. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа во мене да го добијам ова престижно признание. Кога ќе бидам дека освојувачи на оваа награда биле Стивен Џерард, Луис Суарез и Мо Салах ми станува јасно колкаво е нејзиното значење. – изјави Хендерсон.

Наградата од страна на новинарите во Премиер лигата се доделува од 1948 година.

OhridNews