
Наградата на Ѓорго Димоски ќе му биде врачена на посебна церемонија што ќе се одржи идната недела во престолнината на Русија. Во чест на добитникот ќе биде организирана поетска вечер на која Славе Ѓорго Димоски ќе се претстави со свои дела.
Исто така ќе биде објавена и збирка на познати дела од охридскиот поет. Ова е втор пат на Руски јазик да биде препеана поезијата на Славе Ѓорго Димоски. Првата негова збирка поезија на руски беше објавена во 1996 година.
Славе Ѓорго Димоски има објавено девет книги поезија, пет книги детска поезија, три книги есеи… Неговите дела се преведени на повеќе светски јазици.












