Организаторите на второт по ред културно забавно лето На зајдисонце во Трпејца задоволни од посетеноста на манифестацијата и покрај реално послабата туристичка сезона во селото.

–    За Трпејца и најубавите зајдисонца се слушна, виде и прочита ширум светот и со тоа на најубав можен начин, уште еднаш е прераскажана убавината на Трпејца и туристичката понуда на регионот, велат организаторите.

Манифестацијата беше затворена вчеравечер, со изложба на етнолошки предмети сопственост на семејства од Трпејца.

Во терминот од 20 до 28 јули на отворено беа одржани редица културни и забавни настани чија цел беше да го привлечат вниманието на трпејчани, но уште повеќе на туристите . Понудените содржини како вовед во развојот на алтернативниот туризам се покажаа интересни за сите генерации. Се одржаа бесплатни школи за англиски јазик, креативно цртање, пливање, шах и кајакарска регата.Во вечерните термини беа отворени изложби на слики и фотографии од Мајкл Клос од Канада и Филип Кондовски од Скопје,омажот за покојниот уметник Димитар Кондовски,  настапи ансамблот „Билјана“, хорот при КУД „Ѓердан“ – „Распеани ѓерданчиња“, а променадите „Со каче по езерото“ и ова лето беа во знакот на младите надежи од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид.

Во рамките на манифестацијата „На зајдисонце“ беше промовирана ЦД  боенката „Македонски овошни приказни во стих “  од Весна Пирузева Петровска. Впечатливи, пред се’ за туристите беа прошетката по  планинската патека Чоколско организирана во соработка со Националниот парк „Галичица“ и презентацијата на подводно нуркање и опрема на нуркачкиот центар „Амфора“ при што беше промовиран и  локалитетот „Заливот на прчот.“  

OhridNews