Темата на дебатата, која преставува прв вид на ваква форма на дебатирање помеѓу младите Турци, беа генералните состојби и проблемите со кои се среќаваат младите.
Освен тоа се разгледуваа и се дебатираше за состојбите и во која се наоѓаат помалите етнички заедници. Во изјавите на раководството на “УФУК“ остро се осудуваа последните немирни случувања каде младите од различно етничко потекло се јавуваат како насилници.НВО “УФУК“ ги повикува надлежните институции итно и ефикасно да ги спречат овие девијантни појави, и против сторителите на истите дела да се покренуваат соодветни законски мерки.