
Членовите на организираната криминална група делувале на начин што прво и второпријавениот прибавувале банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни картички. Податоците ги прибирале изработувајќи лажни веб страници – фишинг (веб страници кои се визуелно идентична копија на оригиналната и истите имаат полиња за оставање на банкарски податоци од страна на корисниците, но веб страната е лажна и тие банкарски податоци ги добива лицето кое што ја поставило таа фишинг страна).Вака изработените лажни веб страни (фишинг страни) ги поставувале на веб сервери во странство и линковите до истите со помош на спам пораки (е-маил пораки кои што го содржат линкот до фишинг страната и кои што се испраќаат на таргетна група на корисници кои што се претпоставува дека ги користат услугите од оригиналната веб страна), каде што како дел од спам пораката, која што обично е реклама за некоја нова услуга, го ставаат и линкот до лажната ВЕБ страница, и така подготвените спам пораки во вид на меилови ги препраќаат до таргетната група на лица. Откако овие оштетените ќе ја отвореле лажната ВЕБ страница, без да приметат дека не е оригинална, ги вметнуваат своите кориснички имиња и пасворди за пристап, и овие податоци автоматски се зачувуваат на документ поставен на интернет за таа цел, а до кој што пристап имаат членовите на криминалната група.
Понатаму вака прибавените банкарски податоци членовите на криминалната група ги користеле за неовластено префрлање на готови парични средства од сметки на странски физички лица на лица во Р.Македонија преку различни сервиси за брз трансфер на пари.
Што се однесува пак до украдените банкарски податоци, истите ги користеле така што се најавувале на ВЕБ страните на банките каде што употребувајќи ги украдените податоци, и преку системот за онлајн трансакции си префрлале пари на свое име или на име на членовите од групата како и на другите лица задолжени за примање на нелегалните парични средства. Притоа, најчесто се краделе податоци од клиенти на банки кои потекнуваат од Канада. На овој начин организираната криминална група се стекнала со имотна корист од 95.609 американски долари и 99.000 евра.
OhridNews












