Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид и кариерата ќе ја продолжи во полскиот шампион Висла Плоцк.

Иако имаше важечки договор со охридскиот клуб, трансферот беше реализиран откако, на барање на играчот, беше активирана излезната клаузула, а Висла Плоцк го откупи неговиот договор.

Иако клубот апсолутно не беше за пуштање на својот дефанзивец пред истекот на неговиот договор, на негово барање беше активирана излезната клаузула и тимот на Висла Плоцк го откупи неговиот договор. Му посакуваме успех во понатамошната кариера, соопштија од ГРК Охрид.

Реј Моралес во Охрид пристигна минатото лето и беше еден од клучните играчи во одбраната на тимот. Со своите настапи даде значаен придонес во историската сезона на ГРК Охрид, која беше крунисана со освојувањето на титулата во ЕХФ Европскиот куп.

OhridNews