Најдобриот дефанзивец во шпанската Асобал лигата за 2024/2025, Ориол Реј Моралес, кој од оваа сезона ќе ги брани боите на ГРК Охрид, пристигна во градот под Самуиловите тврдини. Го затекнавме во прошетка покрај Охридското Езеро во друштво на спортскиот директор Славчо Ристески.

Специјалистот за одбрана доаѓа доаѓа во Охрид по одличната сезона во Гранолерс (Шпанија) во Европската Лига и во домашниот шампионат. Има 31 година (190цм), а освен во тимот на Гранолерс, 6 сезони беше дел од моќната Барселона со која настапи во Лигата на шампионите, додека две сезони мина во франуското првенство во тимот на Пау Аикс со кој играше во ЕХФ Европската Лига. Настапувал во сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и често бил на поширокиот состав за сениорскиот тим.

Ориол Реј Моралес ќе се приклучи на реконструираниот тим на ГРК Охрид на подготовките за новата сезона кои стартуваат деновиве под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борис Ројевиќ.

Г.М.
Фото: А. Момироска