Англискиот актер Орландо Блум во посета на мигрантите и бегалците во прифатниот камп во Гевгелија. Познатиот актер утрово пристигна во центарот како дел од мисијата на Уницеф. Разговараше со дел од мигрантите и се интересираше за нивниот пат, за проблемите во нивните татковини, а особено за децата кои минуваат илјадици километри за да стигнат до Западна Европа. За време на неговиот престој во кампот, Орландо Блум испрати и еден од специјалните возови со мигранти и бегалци, кој тргнува од платформата пред транзитниот центар до северната граница.

Присуството на Блум го раздвижи транзитниот центар, откако сосема неочекувано актерот се појави во Гевгелија. Облечен во лежерна облека и познатата маичка со логото НА Уницеф, Блум се фотографираше со мигранти, со новинари, но и волонтери од центарот.

Инаку Орландо Блум е амбасадор на добрата волја на Уницеф од октомври 2009 година и често е во посета на критични места низ целиот свет, без разлика дали станува збор за земји зафатени со војна или елементарна непогода.

OhridNews
извор Телма