Кошаркарската репрезентација на Србија на Европското првенство ќе настапи без корпулетниот Бобан Марјановиќ. Центарот кој од следната сезона ќе настапува за Сан Антонио во НБА лигата има проблеми со повредите.
Деталните прегледи на тимот на „спарси“ откриле неколку ситни повреди поради кои екс кошаркарот на Црвена Ѕвезда мора да паузира одредено време.
– Медицинските прегледија ја потврдија дијагнозата на нашите лекари во САД, како и на лекарите што го прегледаа Марјановиќ во Милано, пред потпишувањето на договорот. Не станува збор на фрактура на левото стапало како што се шпекулираше во јавноста, но Сан Антонио сепак му забранува на Марјановиќ да настапи на претстојното Европско Првенство, без оглед на неговата голема желба да и помогне на репрезентацијата. Ние нашиот одговор преку допис ќе го испратиме и до ФИБА и до клубот, со нагласување на незадоволството од ваквата одлука на американскиот клуб. – стои во соопштението од српската федерација.
„Орлите“ во групата на Евробаскетот се наоѓаат со селекциите на Исланд, Германија, Италија, Турција и Шпанија. Европското кошаркарско првенство започнува на 5 септември со натпреварите по групи.
Ohridnews











