Шеесет фолклорни ансамбли од 16 земји и 2.500 играорци ќе учествуваат на  петтиот Меѓународен фестивал „Разиграно оро“ што од денес до 5-ти јули ќе се одржи во Охрид. Од организацискиот одбор на фестивалот велат дека со годинашниот број на учесници „Разиграно оро“ прерасна во најмасовната фолклорна манифестација на Балканот.

Фестивалот свечено ќе биде отворен утре вечер на сцената на Античкиот театар со почеток во 20 часот, а концертите ќе се одржуваат на летната сцена на Градскиот плоштад.

Покрај фолклорни друштва од странски земји, на фестивалот ќе настапат и македонски фолклорни друштва од дијаспората.

Фестивалот „Разиграно оро“ го организира ансамблот „Филиграни“ од Охрид со поддршка од Министерството за култура и од Општината Охрид.

OhridNews