Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобод лишија 57-годишен жител на Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со хашишово масло, пиштол марка „VZOR 50“ калибар 7,65 мм, неколку куршуми калибар 7,65 мм и една празна рамка за пиштолот. – соопшти СВР Охрид.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик, информира полицијата.

OhridNews