Вооружени лица попладнево извршиле грабеж на продавница за накит на познатиот светски бренд „Картие“ во центарот на Монако.

 

Полицијата веднаш го блокирала градот. Еден од крадците е фатен, а по останатите се трага. Уапсениот кај себе имал дел од пленот, jaвуваат светските агенции.

Засега не се знае со колкав плен си заминале крадците од „Картие“.

Славната луксузна марка „Картие“ на азурниот брег беше ограбена и во 2015 година кога крадците однесоа плен вреден 17,5 милиони евра.

OhridNews