Вечерва околу 20 часот, непознат напаѓач извршил оружен грабеж во „Топ Маркет“ во центарот на Охрид. Според првичните информации од полицијата, напаѓачот маскиран со „фантомка“ на главата влегол во маркетот и под закана со пиштол го извршил грабежот, во кој за среќа никој не настрадал.

Полицијата која работи на расветлување на случајот повеќе детали за дрското разбојништво најави во понеделник.

OhridNews