Во јавноста кружат повеќе верзии околу настанот, а неофицијално се зборува дека има и повредени.
Охридската полиција го потврди инцидентот, кој според првичните информации од истрагата го предизвикало лице од Охрид добро познато на службата, кое е во бегство.
На местото на инцидентот интервенирала противпожарната служба и брза помош, а во тек е увид кој го вршат екипи на полицијата и истражен судија.
Повеќе информации за случајот што ја вознемири охридската јавност се очекуваат во текот на утрешниот ден.












