Реал Мадрид се консолидираше и со триумф над Осасуна 4-1 (2-1) во 23-та рунда од Ла лига ја преброди  шокатната елиминација од Реал Сосиедад во Купот на Шпанија.

Осасуна кој беше домаќин на натпреварот добро отвори и поведе со голот во 15-та минута. На „кралевите“ потребни им беа потребни 20-тина минути да ги вратат работите во нормала. Во 33-та минута Иско изедначи на 1-1, а пет минути подоцна Серхио Рамос со глава погоди за 2-1. Во второто полувреме, Реал Мадрид со два погодоци ја запечати победата. На 3-1 зголеми Лукас Васкез, а конечните 4-1 ги постави Лука Јовиќ.

Избраниците на Зинедин Зидан имаат шест бодови предност во однос на Барселона која мечот од 23-та рунда ќе го одигра вечерва кај тимот на Бетис.

OhridNews