Воочени се оштетувања на дел од браната на Слатинско Езеро, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи од Охрид на одредени места има пропаѓање на земјениот насип и забележано е формирање на вртлог како резултат на понирањето на водата од акумулацијата кон сувиот дел.

Екипи на  Водостопанство “Охридско Езеро“ констатирале дефект на испустниот вентил во подножјето на браната низ кој неконтролирано истекува вода. Според согледувања на надлежните потребно е да се изврши санација на оштетувањата, но во моментот не постои опасност од поголеми последици врз околината и населените места.

OhridNews