Жителите од улицата „Богомилска“ секојдневно се соочуваат со опасност да бидат повредени поминувајќи покрај оштетен иот ѕид кој се потпира на две дрвени бандери. Граѓаните велат дека со месеци апелираат до надлежните да се реши проблемот, но засега безуспешно. Од обилните врнежи оваа зима се урна дел од трошниот ѕид, но за среќа никој не бил повреден, а жителите од „Богомилска“ се надеваат дека руината ќе биде санирана пред некој да настрада.


Оштетен ѕид им се заканува на  минувачите на „Богомилска“

OhridNews
фото: Емилио