Вчера околу 15 часот било прекинато снабдувањето со вода на улица „Никола Карев“.

Како што велат жителите, за прекинот не биле претходно известени, па не можеле ниту да се подготват.

Од ЈП Водовод за Охридњуз изјавија дека не се работи за планирана активност, туку за дефект кој настанал при изведба на работи од страна на ЈП Нискоградба, при што била оштетена водоводна цевка, и дека истиот е отстранет.

Дефектот е саниран и водоснабдувањето во овој дел од градот е нормализирано. – информираат од ЈП Водовод.

Г.М.