За време на новогодишните празници, настрадаа корпите за ситен отпад поставени на градскиот плоштад, кејот и старата охридска чаршија.
Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, оштетени се 24 корпи, а на потегот од првиот до вториот Чинар демолирани се сите корпи.
Оттаму велат дека во текот на вчерашниот ден, екипите на јавното претрпијатие пристапија кон санација и поставување нови корпи за ситен отпад.
OhridNews