Искршени и оштетени клупи за седење, застарени и нефункционални канделабри, е првата слика што ја забележуваат гостите и туристите кои секојдневно минуваат по поплочената патека која води до црквата ,,Св. Јован Канео” во Охрид.
-Состојбата со урбаната опрема на овој потег од градот е многу лоша и под итно треба да се поправи, затоа што ова е еден од најрепрезентативните делови на Охрид. Со оваа негрижа се нарушува целокупната туристичка слика на градот, коментираа охриѓани кои ги затекнавме на овој локалитет. Тие нагласуваат дека на патеката кон црквата ,,Св. Јован Канео” би требало да бидат поставени поголем број на клупи за одмор.
Освен тоа што се оштетени, дел од канделабрите претставуваат и потенцијална опасност за минувачите бидејќи им недостасуваат заштитните капаци за струјните кабли.
OhridNews