Дека западната страна од калето и потегот до „Грашница“ се зафрлени и преполни со смет, говорат бројните слики со кои охриѓани секојдневно се соочуваат.

На самиот брег крај западната страна на старото охридско јадро, можат да се забелжат најразлични видови отпад, почнувајќи од бела техника, градежен шут до оштетени контејнери оставени покрај водите на езерото.

За оваа грда слика, на неколку пати апелираа граѓаните од овој дел на Охрид, кои се надеваат дека во идниот период надлежните соодветно ќе постапат и ќе ги отстранат дивите депонии од овој потег.

О.Т.