При рутинска контрола на екипи од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, утврдено е значително оштетување на софтверскиот дел од семафорите на раскрсницата кај ОУ „Христо Узунов“.
„Оштетени се два столба на семафорите така што новиот начин на организирање на сообраќајот на овој потег беше времено недостапен. По репарирањето на софтверскиот дел, семафорите повторно се ставени во функција и сообраќајот се одвива непречено.“ – информираат од општина Охрид.
Од секторот за комунална дејност велат дека за овој проблем уредно ќе ги известат органите на Министерството за внатрешни работи
OhridNews