Делови од градскиот кеј, како последица на силните ветрови и големи бранови, се оштетени. Недостасуваат дел од бекатон плочките, но и бетонскиот слој што се наоѓа под нив.
Оштетувања има и на мостот пред хотел Палас, каде недостасуваат повеќе плочки поради што по врнежите од дожд, оштетените делови се полнат со вода.
Од локалната самоуправа информираат дека оштетувањата на градскиот кеј ќе бидат санирани по стабилизирањето на временските услови. На одредени делови потребно е и бетонирање кое може да се изврши само при повисоки температури.
OhridNews












