Поминаа два месеца откако жителите од населбата Далјан упатија апел до надлежните служби да ги санираат оштетените (украдени) метални капаци од електрични столбови. Тие велат дека тие се уште се без заштитни капаци и стравуваат за безбедноста на луѓето, особено на најјмладите кои добар дел од денот минуваат во игра на отворено.

Жителите од населбата очекуваат дека надлежните соодветно ќе реагираат и ќе ја отстранат опасноста.

Инаку, за жал, ова не е единствен пример во градот на неодговорно однесување на поединци кои со оштетување на електричните столбови заради продажба на металните капаци како старо железо, ги доведуваат во опасност животите на граѓаните. Покрај електричните столбови на мета на крадците се и металните шахти од коловозите.

OhridNews