Грчките медиуми информираат дека најмалку три лица се повредени во силниот земјотрес од 6.8 степени кој затресе синоќа и беше со епицентар на 8 километри од Закинтос. Потресот бил многу силен, а беше почувствуван и во Македонија.

Од силината на земјотресот на грчкиот остров Закинтос дојде до прекин на струјата, оштетни се пристаниште и манастир од 15 век . Издадена е и тревога за цунами на брегот на Средоземно Море. Според соопштението на Европскиот сеизмолошки центар, постои опасност од забрзано растење на висината на брановите и затоа од луѓето е побарано да останат подалеку од плажите.

По земјотресот од 6.8 степени, регистрирани се низа други потреси со епицентар во јужна Грција со јачина од околу 5 степени.