Ваквите писмени известувања на домашна адреса се дел од проектот “Портокалов плик” на министерството за труд и социјална политика, чија цел е секој осигуреник предвреме да добие известување за податоците за пензиски стаж и плати. Како што информираат од министерството, на овој начин ќе се избегне појавата на осигурениците да им се плаќа осигурување на најмала основица и за помало работно време од оствареното, а ќе се има и целосен увид врз целокупното работење на Фондот и поголема контрола од страна на корисниците.
Првично известување освен осигурениците во Струга, ќе го добијат и во Кавадарци, Неготино, Валандово и Македонски Брод, а до крајот на 2012 година и останатите осигуреници на ПИОМ.