Спортист на годината е кајакарот Атанас Николовски, кој на Светското првенство го освои седмото место. Кај дамите наградата ја понесе каратистката Наташа Илиевска.


Најдобар македонски спортист во странство очекувано е Горан Пандев, додека оскарот за најдобар млад спортист го понесе Бранко Манев.

Марин Докузовски е тренер на годината, а репрезентацијата со која избори пласман на следното ЕП е машки тим на годината.

Најдобар женски тим е ракометната репрезентација на Македонија. Карате федерацијата е најдобра спортска федерација за 2010 година.

Посебна награда животно дело Агенцијата за млади и спорт му додели на Кирил Дојчиновски.

Ohridnews