Навивачите на Арсенал започнаа кампања со која бараат Ливерпул да го “ослободи“ уругвајскиот напаѓаќ Луис Суарез, кој е трансфер мета на клубот од Лондон.

Суарез во интервјуто за англискиот “Гвардијан“ бара “црвените“ да ја испочитуваат клаузулата во неговиот договор и да ја прифатат понудата на Арсенал од 40 милиони фунти.

Контраверзниот напаѓач кој заработи долга суспензија во финишот од сезоната, е разочаран што втора година по ред нема да игра во Лигата на Шампиони.

2 септември е последниот ден за трансфери во Премиерлигата.