Денеска ќе контактирам со семејствата на лицата кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, рече на денешната прес конференција министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Сакам да знам кои се нивните очекувања во однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму за да можеме да го направиме овој акциски план, истакна Османи.

Османи информираше дека се во постојана комуникација со бугарските власти и веќе се прават подготовките и плановите околу преносот на телата и целата процедура натаму.

Вчера имав еден подолг состанок овде во Министерството за да ги утврдиме сите детали. Се разбира работиме според проценките кога би можело да заврши процесот на идентификација. Беше најавено една недела од случувањето на несреќата, меѓутоа има различни проекции. Се ќе зависи од тоа како ќе се одвива идентификацијата, додава Османи.

OhridNews