
Фестивалот „Охрид те сакам“ во чии рамки настапија и повеќе интернационални уметници започна на 1 мај годинава. Целта на одржувањето фестивалот кој е поддржан од локалната самоуправа е да ја афирмира класичната музика меѓу младата популација, за што меѓународната музичка академија од Лихтенштајн на општина Охрид и подари професионален концертен клавир, марка „Seiler” вреден 30.000 евра.











