„Снег“ од голови на “Џузепе Меаца“ каде Интер и Палермо одиграа неверојатни 4-4. “Нероаѕурите“ предводени од Диего Милито кој четири пати ја заресе противничката мрежа, два пати беа во негатива, два пати поведоа но на крајот мораа да се задоволат со реми бидејќи Палермо го имаше расположениот Миколи во своите редови кој пак три пати ја тресеше мрежата на Цезар.
Милан направи чекор назад кон одбраната на титулата, откако претпре пораз во дербито на “Олимпико“ од Лацио со 2-0. Хернанес и Роки беа стрелци на головите. 
Резултати : 

Наполи-Чезена 0-0, Интер-Палермо 4-4, Каљари-Рома 4-2, Лацио-Милан 2-0, Удинезе-Лече 2-1. Одложени беа мечевите Болоња-Фиорентина, Сиена-катанија, Аталанта-Џенова. Вондредното коло ќе го заокружат Новара-Киево

Табела: Јувентус 44, Милан 43, Удинезе 41, Лацио 39, Интер 38… 

Ohridnews