Форум на жени на општинската организација на ЛДП Охрид и ЛИДЕМ Охрид во рамките на своите редовни партиски активности, по повод 8-ми Март – Денот на жената,  организира хуманитарна акција – донирање храна и средства за лична хигиена за социјално најзагрозените случаи на самохрани мајки. Жените беа посетени во своите домови, каде што навистина можеше да се почувствува нивната тешка животна приказна.


Донирањето на храна и средства за лична хигиена се доволни за минутна насмевка на нивните лица, но тоа не значи решавање на нивните проблеми. Затоа нашите членови се обврзаа на понатамошна соработка со истите и помагање во рамките на можностите, велат од Форумот на жени при ЛДП и ЛИДЕМ.

OhridNews